Професионални онлајн медиуми

Целите на постоењето на Регистарот на професионални онлајн медиуми

1.

Да се промовираат и афирмираат медиумите кои ги почитуваат професионалните стандарди и критериумите за членство.

2.

Да се афирмира саморегулацијата во медиумите како моќен инструмент за професионализација на работењето на медиумите.

3.

Да се заштити интересот на јавноста за објективни, урамнотежени и веродостојни информации од медиумите.

4.

Да се поддржат бизнис заедницата и маркетинг секторот во препознавањето на професионалните медиуми заради натамошна соработка со нив.

5.

Информациите на професионалните медиуми да имаат поафирмативен третман во пласирањето на содржини од страна на агрегаторите на вести.

6.

Во заложбите за ширење на медиумската писменост, граѓанскиот сектор и образовните установи да го користат Регистерот во посочувањето и афирмирањето на професионалните онлајн медиуми.

Промедиа

© Copyright - Промедиа.
Сите права се задржани.

Оваа веб страна нема поврзаност со граѓанската организација „Промедиа“